„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните градежниот шут да не го фрлаат во контејнерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
51612695_2454489301270007_8906976914443337728_n-1

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје отстранија десет вреќи со градежен отпад исфрлени во контејнерите на улицата Лондонска, во скопската општина Карпош.

— реклама —

“ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на нивните живеалишта, не смеат да го одлагаат во садовите за отпад поставени на јавни површини.  Овој вид на отпад може трајно да ги оштети специјалните комунални возила и со тоа да предизвика значителна финансиска штета на Претпријатието, како и проблеми при собирањето и  транспортот на комуналниот отпад во градот.

Садовите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, без разлика дали станува збор за надземни или подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци, се наменети исклучиво за одлагање на комунален отпад.

— реклама —

Апелираме до граѓаните совесно да постапуваат со својот градежен отпад, истиот да не го исфрлаат ниту на јавните површини, затоа што на тој начин се создаваат диви депонии коишто ја загадуваат животната околина. Според Законот за јавна чистота, граѓаните на Скопје се должни градежниот отпад да го одложат директно во депонијата „Дрисла““, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања