Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Комунална хигиена“ ќе го чисти отпадот во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
studenti-gubre

На 12.2.2019 (вторник) со почеток во 13 часот, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ќе започне акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, во општината Кисела Вода.

— реклама —
— реклама —

И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина.

— реклама —
— реклама —

Ве каниме да присуствувате на овој настан во студентскиот дом „Пелагонија“, во чиишто рамки директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, ќе им се обратат на граѓаните со апел за совесно постапување со отпадот и штетноста од создавањето на дивите депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните, велат од ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања