ЈП Комунална хигиена-Скопје со остра реакција за градоначалникот на општина Кисела Вода: Ве молиме да престанете со валканите политички игри и ниските удари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_4972

,,ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.

— реклама —

Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.

— реклама —

Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието.

— реклама —

И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни.

Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.

Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.”, реагираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања