Промени тема
Контакт

ЈП „Охридски Комуналец“ апелира картонската амбалажа да се одлага правилно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

ОО
media-libraryngekg0imoegq6fADRaX

ЈП „Охридски Комуналец“ упати апел до компаниите и домаќинствата за правилно одлагање на картонската амбалажа, нагласувајќи дека соодветното постапување со овој вид отпад е од големо значење за ефикасното функционирање на системот за селекција и рециклирање.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека кога картонските кутии се фрлаат без претходно да бидат спакувани или преклопени, контејнерите многу побрзо се исполнуваат, се преполнуваат и отпадот завршува околу нив. Ваквата практика го отежнува собирањето на материјалот за рециклирање и создава дополнителни трошоци поради потребата од вонредно празнење на садовите.

— реклама —
— реклама —

Голем дел од правните субјекти, како и дел од домаќинствата, располагаат со посебни сини или метални контејнери наменети за хартија и картон. Од ЈП „Охридски Комуналец“ апелираат картонската амбалажа да се одлага преклопена и спакувана, со што ќе се овозможи подобро искористување на просторот во контејнерите и поефикасно собирање на отпадот.

— реклама —

Од претпријатието потсетуваат дека правилната селекција на отпадот е заедничка одговорност и ги повикуваат граѓаните и компаниите совесно да придонесуваат кон зачувување на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања