Промени тема
Контакт

ЈП „Охридски комуналец“ апелира: Селектирајте го металниот отпад и намалете го загадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

ОО
media-libraryquk949sh05m2dnPngQw

ЈП „Охридски комуналец“ упати апел до граѓаните за правилно селектирање на металниот отпад, потсетувајќи дека металот е материјал кој не го губи квалитетот и може да се рециклира неограничен број пати.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека селектирањето на металниот отпад не само што го намалува испуштањето на штетни материи во природата, туку има и значително влијание врз намалувањето на загадувањето. Според објавените податоци, користењето на рециклирано железо придонесува за намалување на аерозагадувањето за 86 проценти, загадувањето на водата за 76 проценти, додека употребата на вода се намалува за 40 проценти на глобално ниво.

— реклама —

Воедно, предупредуваат дека неселектираните лименки, конзерви и други метални предмети често завршуваат на депонијата Буково, каде што, поради човечки фактор и лица кои трагаат по вреден метален отпад, се зголемува ризикот од појава на пожари.

— реклама —

Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека граѓаните во Охрид металниот отпад можат да го одложуваат во жолтите канти каде што е започната селекцијата, како и во жолтите контејнери на Пакомак. Притоа, особено е важно металните конзерви, лименки и другите амбалажи да бидат чисти пред да бидат фрлени за рециклирање.

— реклама —

„Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!“, порачуваат од јавното претпријатие, повикувајќи на поголема еколошка свест и одговорност кај граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања