Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ЈП „Охридски комуналец“: PET пластиката може да се рециклира речиси бесконечно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

ОО
media-librarybj24pdckdqe25K5KxMb

ЈП „Охридски комуналец“ упати нов апел до граѓаните за правилно селектирање на PET пластиката, потсетувајќи дека станува збор за најлесно рециклирачката пластика и единствената пластична амбалажа што може целосно да се рециклира.

Од претпријатието посочуваат дека PET амбалажата е лесно препознатлива по своето лого и дека, доколку правилно се селектира, може повторно и повторно да се користи како суровина за производство на нова пластика. Според достапните податоци, рециклирањето на PET амбалажата овозможува намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата за дури 90 проценти во споредба со производството на нова пластика.

— реклама —

Воедно, предупредуваат дека доколку оваа пластика заврши на ѓубриште, ќе бидат потребни меѓу 400 и 1.000 години за нејзино распаѓање. Наместо целосно да се разгради, пластиката се распаѓа на ситни честички – микропластика, која преку почвата и водата лесно навлегува во синџирот на исхрана.

„Во процесот на распаѓање пластиката испушта штетни хемикалии кои можат да бидат токсични по здравјето на луѓето“, предупредуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека домаќинствата кои сè уште не се приклучени на мрежата за селекција можат селектираните пластични шишиња и лименки да ги одлагаат во вендинг машините на Пакомак, поставени во Кам Вилиџ.

— реклама —

„Отпадот е прашање коешто нѐ засега сите. Селектирај правилно!“, порачуваат од ЈП „Охридски комуналец“, повикувајќи на поголема еколошка свест и активно учество во процесот на рециклирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysila4ub96s3u89qNkGD

(Видео) Младите го преполнија Охрид: вака изгледаше градот во 03 часот утрово

Настани | пред 10 часа

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Ако тргнувате кон Охрид, бидете подготвени дека патот ќе трае

Македонија | пред 1 ден

ohridsko-ezero

Охрид ќе го одбележи Илинден со свечена дводневна програма

ОО | пред 3 дена

media-libraryhlsli3d71jcjfVrLxYy

ЈП „Охридски Комуналец“ ги мие јавните површини во екот на туристичката сезона

ОО | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања