Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ постави видео надзор на критични локации за спречување на диви депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
media-libraryk97c700noa8n34huPjk

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека во изминатите 10 дена оперативните служби биле максимално ангажирани во справување со последиците од неодговорното однесување на поединци кои континуирано создаваат диви депонии на повеќе локации.

— реклама —

Како што посочуваат од претпријатието, на повеќе локации, меѓу кои населба Даљан, локалитет Лабино, селата Рамне, Трпејца, Косел, Подмоље и други, биле забележани големи количини нелегално одложен отпад, што претставува сериозен еколошки проблем и долгорочна закана за животната средина.

— реклама —

Од таму информираат дека со вонредно ангажирање на човечки ресурси и механизација од овие локации се подигнати вкупно 164 кубни метри кабаст и зелен отпад и градежен шут.

— реклама —

Со цел спречување на повторно создавање на диви депонии, на критичните точки каде континуирано се регистрирани прекршувања, поставен е видео надзор, при што секое идно прекршување на Законот за јавна чистота ќе биде соодветно санкционирано.

Од „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните за поголема совест и одговорност, нагласувајќи дека Охрид како духовен и туристички центар заслужува чиста и уредена животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykat43j8s3rs52ZPHIjC

Пластиката се распаѓа дури 450–600 години – важноста на селекцијата и рециклирањето

ОО | пред 9 месеци

— реклама —
media-libraryfgt2ftk2tirlbXOu1i3

Вонредна акција за расчистување на јавна површина на влезот од Охрид

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања