Промени тема
Контакт

ЈП „Охридски Комуналец“ повторно расчистува диви депонии во населбата Даљан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

ОО
media-libraryjf8fkuvei0lc332nN48

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“, задолжени за подигнување кабаст и зелен отпад, секојдневно се ангажирани на терен во обид да се справат со големите количества непрописно одложен отпад на повеќе локации низ Охрид.

— реклама —

Во текот на денешниот ден беше реализирана акција во населбата Даљан, каде што повторно беа расчистени критични точки со диво депониран отпад. Од претпријатието посочуваат дека и покрај редовните интервенции, несовесни граѓани веднаш по расчистувањето повторно оставаат кабаст и зелен отпад, како и остатоци од градежни материјали.

— реклама —

Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека ваквото однесување ја загадува животната средина, создава грда слика за градот и остава негативен впечаток кај жителите и туристите. Поради тоа, повторно упатуваат апел отпадот да се одлага на пропишан начин.

— реклама —

Претпријатието редовно ги информира граѓаните за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, а за пријавување на ваков отпад на располагање е и телефонскиот број 075-397-944.

— реклама —

Од „Охридски Комуналец“ истакнуваат дека само со заедничка грижа и соработка може да се зачува чиста и уредна животна средина и Охрид да го задржи својот препознатлив изглед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања