Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ реагира на објава на советник: Косењето се одвива според план и програма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-libraryarkd5vr7o2nc11lVUzR

ЈП „Охридски комуналец“ реагираше на објава на социјалните мрежи на советник од политичка партија, оценувајќи дека во јавноста биле пласирани селективни информации во врска со одржувањето на јавните површини во градот.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека директорот на денешната седница јасно информирал дека работата се одвива согласно однапред утврден план и програма. Според нив, централното градско подрачје досега било косено четири до пет пати, додека активностите во реонот кај касарната започнале уште минатата недела.

— реклама —

„Просторот беше еднаш искосен, а активностите продолжуваат и во текот на овие денови“, наведуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Во реакцијата се истакнува дека, согласно расположливата механизација и ресурси, екипите постојано се на терен и секојдневно работат на одржување на јавната чистота и зеленилото низ Охрид.

— реклама —

Од јавното претпријатие сметаат дека не е коректно излагањата и одговорите дадени на седниците да се пренесуваат селективно и да се користат за дневно-политички цели. Наместо создавање погрешна слика во јавноста, според нив, потребно е објективно информирање и заеднички пристап во решавањето на проблемите.

— реклама —

„Наш приоритет останува интересот на граѓаните и уредувањето на градот Охрид“, порачуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања