Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ со апел: Дивите депонии се закана за здравјето и животната средина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-libraryk1t2fj6fedks1ZMvaGO

ЈП „Охридски комуналец“ упати апел до граѓаните за поголема одговорност при одлагањето на отпадот, предупредувајќи дека дивите депонии претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и животната средина, а воедно предизвикуваат и непотребни финансиски трошоци.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека отпадот кој нелегално се остава на несоодветни локации ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и создава услови за појава на штетници и болести.

— реклама —

„Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина“, предупредуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Воедно, истакнуваат дека службите постојано излегуваат на терен за расчистување на ваквите ѓубришта, при што се трошат значителни ресурси што им припаѓаат на сите граѓани. Според нив, доколку отпадот се одлага на местата и на начин предвиден со прописите, средствата што сега се користат за отстранување диви депонии би можеле да се пренасочат кон обезбедување поквалитетни комунални услуги.

— реклама —

Од јавното претпријатие ги повикуваат граѓаните кои не знаат каде да го одложат одреден вид отпад да побараат информација преку телефонскиот број 075 397 944, со цел да се избегне создавање нови диви депонии.

— реклама —

„Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, и денес и во иднина“, порачуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања