Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ со апел до жителите и угостителите во Стариот град: Отпадот во канти, не во ќеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-librarylj6emnn031dcbOkEg45

ЈП „Охридски комуналец“ повторно апелира до граѓаните и правните субјекти кои работат во Стариот град да ги почитуваат препораките за правилно одлагање на комуналниот отпад, со цел одржување на чистотата во најпосетуваниот дел од Охрид.

— реклама —

Од претпријатието потсетуваат дека отпадот треба да се одлага во канти, а не во ќеси, и тоа најдоцна до 6 часот наутро, согласно утврдената динамика за негово подигање.

— реклама —

„Ова се редовни слики од најпосетуваниот дел од Охрид од страна на туристи, место коешто е живеалиште на голем број граѓани и простор во кој функционираат бројни бизниси. Ова не е сликата што сакаме ниту да ја живееме, ниту да ја оставиме како впечаток за нашата култура“, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

Оттаму предупредуваат дека отпадот, особено остатоците од храна оставени во ќеси, често завршува расфрлан по улиците поради уличните и домашните животни. Поради тоа, граѓаните и деловните субјекти се повикуваат отпадот да го одлагаат во соодветни канти, со затворени капаци, и да не дозволуваат тој предолго да останува на јавните површини, особено во периодот на високите температури.

— реклама —

Од претпријатието нагласуваат дека отпадот е неизбежен дел од секојдневното живеење и работење и дека неговото правилно управување треба да биде дел од организацијата и одговорноста и во домовите и во деловните објекти.

— реклама —

„Благодариме на разбирањето и на сите напори што ги правите за почиста и поздрава животна средина за сите нас“, порачуваат од ЈП „Охридски комуналец“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 1 седмица

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања