Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ со апел до жителите и угостителите во Стариот град: Почитувајте го комуналниот ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-library0oncd9og3gukagSUiqW

ЈП „Охридски комуналец“ ги извести граѓаните и правните субјекти од Урбаната заедница Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад, особено во пресрет на туристичката сезона.

— реклама —

Од јавното претпријатие информираат дека, почнувајќи од 29 мај 2026 година, правните субјекти кои вршат дејност во овој дел од Охрид имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најдоцна до 6 часот наутро.

— реклама —

Доколку отпадот биде оставен надвор од пропишаниот термин или биде несоодветно депониран, согласно законските одредби ќе постапува Комуналниот инспекторат, при што ќе бидат изрекувани соодветни санкции.

Воедно, од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат и до граѓаните комуналниот отпад уредно да го спакуваат и да го одлагаат на местата определени за таа намена или во кантите за отпад, во точно утврдените денови за конкретниот реон, најдоцна до 6 часот наутро.

— реклама —

Посебен апел е упатен и до сопствениците на викенд-станови и приватните станоиздавачи, кои треба да ги информираат своите гости за правилата за одлагање на отпадот и почитување на комуналниот ред.

— реклама —

Од јавното претпријатие изразуваат надеж за взаемна соработка и разбирање од страна на граѓаните и деловните субјекти, со цел одржување на чист и уреден Охрид во текот на туристичката сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања