Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЈП „Охридски комуналец“ со нов летен режим: Подигнувањето на отпадот ќе започнува од 6 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-libraryr2nhkah7i6di9HjIYiX

ЈП „Охридски комуналец“ ги информира граѓаните дека од 15 јуни 2026 година ќе започне да се применува летниот режим за собирање на комуналниот отпад, при што подигнувањето ќе започнува од 6 часот наутро.

— реклама —

Од претпријатието појаснуваат дека оваа промена е предвидена во Програмата за работа за оперативната 2026 година и е воведена поради зголемениот обем на работа и потребите што се наметнуваат во текот на летната туристичка сезона.

— реклама —

„Собирањето, транспортот и депонирањето на комуналниот отпад во летниот период ќе се реализираат од 06:00 часот“, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Оттаму апелираат до граѓаните и правните субјекти навремено да го одлагаат отпадот и да ја почитуваат утврдената динамика, со цел непречено и ефикасно извршување на комуналните услуги.

— реклама —

Воедно, предупредуваат дека секое непочитување на пропишаниот распоред ќе биде пријавено до Комуналната инспекција, која ќе постапува согласно законските надлежности и ќе изрекува соодветни санкции.

— реклама —

Од јавното претпријатие изразуваат очекување дека со заедничка одговорност и соработка ќе се придонесе за одржување на чист и уреден Охрид во текот на летниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 1 седмица

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања