Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ЈП ПОЦ донираше парични средства наменети за стартување на првиот Центар за аутизам во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
poc

На последната седница на Управниот и Надзорниот одбор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје едногласно беше донесена Одлука за одобрување на донација на парични средства во висина од 10.000,00 денари наменети за Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ за стартување на првиот Центар за аутизам во регионот.

— реклама —

Првиот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за аутизам на Lego Education. Центарот за аутизам, во соработка со стручни лица, ќе овозможува рана детекција, третман и едукација на родителите, како и минимални трошоци за семејствата.

— реклама —

„ЈП Паркинзи на Општина Центар ја завршува и оваа година во духот на општествената одговорност. Со оваа донација започнуваме една убава соработка која нема да застане тука. ЈП ПОЦ ќе продолжи да помага во одржувањето на Центарот за аутизам со цел да им помогнеме на овие дечиња во подобрување на нивните социјални вештини.“ - изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

— реклама —

Здружението на граѓани „ПОЗИТИВО“ оваа година ќе ја организира четвртата аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ која ќе се одржи на 12 декември (среда) во Парк хотел и Спа, ресторан Фор, каде гостите ќе можат да уживаат во вечер на која ќе се слават вкусовите и убавината на живеење, а при тоа ќе можат да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои ќе бидат понудени на аукцијата. Сите собрани средства ќе бидат донирани за стартување на Центарот за аутизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања