„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЈП Службен весник и Врховниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
5-6

Директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски, и претседателот на Врховен суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на ден 20 декември 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка, со цел поврзување на информациските системи на двете институции, во делот на доставата на огласите кои судовите ги објавуваат во службеното гласило.

— реклама —

„Со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува меѓусебната соработка и се олеснува автоматската размена на податоците во електронска форма помеѓу двете институции, со цел да се овозможи интеграција на АКМИС-системот со информатичкиот систем на јавното претпријатие за подготовка на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“.

За ЈП Службен весник на Република Македонија овој меморандум ќе овозможи брза комуникација со која ќе се  елиминира досегашната практика за мануелна обработка и внес на сите огласи и нивно печатење во хартиена верзија, во интерес на зголемена ефикасност и економичност при нивното менаџирање“, се вели во соопштението.

— реклама —

На средбата, двете институции изразија задоволство од досегашната соработка и најавија нови заеднички проекти кои би биле од корист за судовите, но и за стручната и за пошироката јавност.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања