Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ЈП „Стрежево“ Битола жали за смртта на малолетното девојче во базенот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
P-Strezhevo-Bitola-696x357

ЈП „Стрежево“ – Битола денеска изрази жалење поради згаснувањето на животот на девојчето и ги демантираат, како што велат, интригантските и манипулативните изјави на закупецот на деловниот простор, Компанијата Мегагруп.

– Во моментите на оваа голема тага чувствуваме потреба да го демантираме соопштението на закупецот на деловниот простор, во чиј комплекс е и компензациониот базен, каде се случи немилиот настан, истовремено фрапирани од интриганските и манипулативните изјави на Компанијата Мегагруп кои се сосема несоодветни за овие моменти. Во интерес на вистината, поткрепена со неспорни аргументи, Компанијата Мегагруп не е концесионер на објектите, туку закупец во времетраење од 15 години, согласно спроведената постапка и Договорот за закуп на деловен простор бр.03-07/1 од 12.04.2017год, наш бр.03-64/8 од 12.04.2017год. Базенот, кој е дел од цел комплекс со кој располага закупецот е неделив дел и согласно Одлуката на Управниот одбор е даден на користење под услови и на начин предвиден со закон, се наведува во соопштението на ЈП „Стрежево“ – Битола.

— реклама —

Оттаму велат дека начинот на кој стопанисува закупецот, Компанијата Мегагруп, и деловните потези и деловните резултати кои оваа компанија ќе ги остварува во наредниот период се, како што се наведува, сосема небитни за нивното претпријатие како закуподавец, се додека компанијата ја плаќа предвидената закупнина.

— реклама —

– Во изминатиот период закупецот го користеше базенот како капалиште, факт кој е општопознат и за кој постојат безброј видео записи и видео реклами, а исто така постојат и бројни писмени барања во текот на изминатите две капачки сезони од нивна страна, за одобрување безброј барања за преземања на низа активности во и околу базенот. Одговорно тврдиме дека оваа година до денешен ден не е пристигнато известување дека Компанијата Мегагруп оваа капачка сезона нема да го користи базенот и нема да организира разни содржини во него, се наведува во соопштението.

— реклама —

Од ЈП „Стрежево“ – Битола упатуваат повик до сите страни, да не се фокусираат на оградување од одговорноста за овој немил настан, туку да се преземат сите активности за тоа никогаш повеќе да не се повтори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања