Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ЈПКД Дебрца изврши хиперхлорирање на резервоарот и водоводната мрежа во Требеништа - во понеделник ќе има нова проверка за исправноста на водата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image0-1

Се известуваат жителите на с.Требеништа дека екипи на ЈПКД Дебрца, во текот на денешниот ден извршија хиперхлорирање на резервоарот и водоводната мрежа во селото, со што сега има соодветна количина хлор. Се превземаат сите можни мерки како би можела водата повторно да се стави во употреба. Во понеделник ќе се изврши повторна проверка за исправноста на водата и по добивањето на резултатите веднаш ќе бидете информирани за истите.Дотогаш Ве замолуваме да се придржувате до препораките од Центарот за јавно здравје, односно да се избегнува користење на водата за пиење и секаква друга употреба, се вели во соопштението од ЈПКД Дебрца.

— реклама —

Во продолжение на соопштението од јавното претпријатие додаваат:

— реклама —

Што се однесува на жителите на с.Мешеишта Ве известуваме дека во текот на изминатите 24 часа е зголемен процентот на резидуален хлор во водата и истиот сега изнесува 0.3%, соодветно на барањата од Центарот за јавно здравје Охрид.Извршени се сите потребни проверки со што може да се потврди дека водата е целосно исправна и безбедна за секаква употреба, велат од ЈПКД Дебрца.

 

фото:  ЈПКД Дебрца

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања