Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈСП го раскина договорот „МАКЕКСПРЕС“ оти не обезбедиле модернизирани автобуси и основно ниво на хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
avtobus-2

Јавното Сообраќајно Претпријатие - ЈСП Скопје, денес го раскина договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено.

— реклама —

Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.

— реклама —

Со жалење мораме да констатираме дека „МАКЕКСПРЕС“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки.

— реклама —

Сите овие поплаки се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град.

Уште еднаш потенцираме, транспортот на патници на линиите кои досега ги сервисираше „МАКЕКСПРЕС“ ги превзема ЈСП Скопје со сопствени автобуси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања