Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ до Град Скопје пријави загуба од 6,2 милиони евра во 2022. Приходот од 28 милиони евра бил недоволен за да се оствари одржливо салдо.
Од таму ја информирале градската управа дека ова е двојно поголема загуба во работењето во споредба со 2021 година кога минусот беше 3 милиони евра, објави СДК.
Сега од Град Скопје бара да им се покрие минусот, што ќе се разгледува на седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во четврток.
„Загубата од работењето во 2022 годин е 384 милиони денари или 6,2 милиони евра. Загубата останува непокриена. Во текот на 2023 година основачот Град Скопје да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени сите законски резерви на ЈСП Скопје, па согласно Законот за јавни претпријатија основачот да изврши докапитализација на претпријатието“, стои во одлуката доставена до Советот на Град Скопје.