Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ЈСП се огласи: си одат ли 100 возачи за една недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

“Најостро ги демантираме наводите во текстот „ВОЗАЧИ ОД ЈСП СКОПЈЕ СЕ СЕЛАТ ВО МАЈНЦ - Следната недела градскиот превоз останува без 100 возачи", објавен во „Плусинфо“ денеска, вторник (26.09.2023 год)”, велат од ЈСП.

Тие додаваат:

— реклама —

Генерално, целиот текст е базиран на шпекулации и наводи од неофицијални извори, веројатно со единствена цел, да се наруши кредибилитетот на претпријатието и на актуелното раководство, кое и покрај сите затекнати услови и околности успева да го одржува претпријатието функционално, исто како и јавниот превоз.

Одговорно тврдиме дека до денеска, ниту еден возач нема поднесено барање за отказ, ниту за неплатен одмор.

— реклама —

Досега претпријатието го имаат напуштено неколкумина возачи и тоа по остварено право за пензионирање.

— реклама —

ЈСП Скопје во моментов располага со доволен број возачи за непречено секојдневно одржување на сите линии од јавниот превоз.

Шпекулациите кои „Плусинфо“ зачестено ги објавува за нашето претпријатие и состојбите во него, нема да бидат пречка раководството заедно со Град Скопје да подлегне на истите.

— реклама —

И овој пат имуни ќе останеме и на очигледните "извори" од одредени политички кујни.

Напротив, тие се и ќе бидат причина плус раководството да го консолидира претпријатието, за што досега бележи и позитивни резултати, а со тоа автоматски да го подобри и квалитетот на јавниот превоз во секој поглед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања