Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Јубилеен 50-ти „Детски семафор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_20190513_090941

Во амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола, свечено беше отворено 50-тото издание на натпреварот „Детски семафор“. Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е организатор на овој натпревар, во кој учествуваат ученици од 16 основни училишта од Пелагонискиот регион.

— реклама —

Општина Битола и годинава традиционално го поддржува организирањето на „Детски семафор“, а градоначалничката Наташа Петровска го прогласи за отворен натпреварувачкиот дел од оваа масовна манифестација.

[caption id="attachment_41772" align="alignnone" width="1240"] dav[/caption]

— реклама —

„Општина Битола секогаш ќе ги поддржува ваквите активности, во кои се препознаваат идеите, децата од најмала возраст да ја градат сообраќајната култура, исклучително значајна, затоа што таа е клучна за безбедносниот момент на нашите граѓани, а воедно и на децата. Во оваа прилика се радувам што имаме толкав број на учесници кои што потврдуваат дека ваквата традиција не е случајна“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Натпреварот годинава е поддржан и од Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“, Здружението на возачи „Еуротест“, Народна техника, СВР Битола, Технички факултет и јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања