Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јубилејно 25-то издание на детскиот фестивал „Распеано рибарче“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Raspeano_ribarce_17042024001

Вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа завршната прирeдба од јубилејното 25-то издание на детскиот фестивал „Распеано рибарче“.

Во името на Општина Охрид, пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.

— реклама —

– Секоја нова пролет, под охридското небо, како најшарен цвет од музички ноти расцветува фестивалот „Распеано рибарче“ носејќи нова радост и безброј детски насмевки. Веселите мелодии и лесните рефрени се нижат како бисер во низа, која се извива кон волшебните музички соништа, исполнети со надеж и убавина.

Драга публико, почитувани љубители на музиката и ценети гости,

Навистина ми е голема чест да бидам вечерва тука, на оваа весела сцена, заедно со нашите млади музички таленти и заедно да го одбележиме 25 годишниот јубилеј од оваа прекрасна музичко-сценска манифестација, која е важен дел од најубавите детски спомени во Охрид.

— реклама —

Музиката е силна врска помеѓу креативноста, телентот и емоциите, а „Распеано рибарче“ е платформа каде што нашите најмлади ѕвезди блескаат во полн сјај и се инспирираат да го следат својот музички пат.

Со новите 23 детски песничи, кои се дел од овогодишната приредба, овој фестивал покажува дека музиката непрекинато живее во детските срца и ќе продолжи да биде силен поттик и поука за нас возрасните, да создадеме услови за посреќна иднина на сите деца.

— реклама —

Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков упатувам искрени честитки до органзаторите на фестивалот за неуморната посветеност во негувањето на детската музичка култура во нашиот град. Нивната визија и ангажман го направија овој фестивал непрекинат извор на дружба и едукација за најмладите.

Во оваа прилика, кога се прославува овој значаен јубилеј, би сакал да искажам посебна почит и посхумно признание до покојниот Коле Петкуќески, кој со својата желба и ентузијазам беше главен креатор на „Распеано рибарче“, како охридски фестивалски бренд.

На сите учесници на овогодишното фестивалско издание им посакувам многу успеси, со желба да продолжат да ги развиваат и да ги покажуваат своите музички таленти, а на вас, почитувана публико ви посакувам да уживате во оваа уникатна музичка забава, истакна Божиновски во своето обраќање.

— реклама —

Во текот на изминатите 25 години, на овој детски фестивал биле изведени околу 500 песнички, а на сцената во хорот и танцовите групи настапиле околу 3000 деца.

Оваа година фестивалот „Распеано рибарче“ е финансиски поддржан од Општина Охрид и Министерството за култура, а во организациониот тим на фестивалот се вклучени Мери Димзовска, Милчо Јованоски, Јовица Каралиевски, Елизабета Здравеска и Димче Китрозоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања