Осудениот Игор Југ, кој доби 11 години затворска казна, го карактеризираше Мухамед Зеќири како „лажен сведок за 27 април“, случајот за кој тој одговара. Југ јавно му испрати порака до ексгенералниот секретар кој денеска доби 2,6 години затвор. Ова доаѓа откако во 2018 година Зеќири сведочеше против Југ и кажа „ На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата“.
„Уште еден лажен сведок за 27 април се лизна. Ако се две и пол години, потешки ќе ти се него на мене, моите дванаесет. Си видел пиштол? Е сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили. Ама на јаве, не на сон како што го виде пиштолот“, напиша меѓудругото Југ, кој ја Русковска ја нарече „учителка“ на Зеќири.
Мухамед Зекири, пред пет години, за настаните од 27 април, сведочеше за упадот во Собранието, при тоа велејќи дека бил очевидец на човек со пиштол меѓу толпата што упадна во Собранието.
„Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата. Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, рече Зеќири.
Тој додаде дека ситуација ја следел од горе, односно од прес центарот кога го забележал лицето со оружје.
Денеска, Зеќири доби 2,6 години затвор оти направил злоупотреби додека бил генерален секретар во Владата.