„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Јунската сесија на факултетите ќе се полага електронски, нема услови за физичко присуство на студентите во факултетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
fakulteti

Факултетите не смее да организираат испити и колоквиуми со физичко присуство, вели министерот Арбер Адеми, потенцирајќи дека уредбата на Владата, која е донесена на почетокот од пандемијата и вонредната состојба, останува во сила.

— реклама —

„Знаеме дека во меѓувреме имаше петиција за да не се организираат испитите преку средствата за електронска комуникација, особено јунската сесија, сè уште оваа одредба од уредбата е во сила бидејќи сè уште сме во вонредна состојба. Ние сме во постојана комуникација со високообразовните установи, па ако се одлучиме да дадеме можност јунската сесија да биде со физичко присуство, тоа ќе биде по донесување конкретен протокол од страна на Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести, така што мора да се почитуваат препораките од Владата и здравствените органи и авторитети“, кажа Адеми.

Според него, досега организираните испити поминале без никаков проблем.

— реклама —

„Сите наши одлуки и решенија биле мотивирани од најдобриот интерес на учениците, професорите, наставниците. Навреме донесовме уредба со законска сила, каде што предвидовме дека целата дејност во високообразовните установи ќе се организира преку средствата за електронска комуникација, така што одржувањето на испитите, одржувањето на колоквиумите, одбраната на додипломските трудови, магистерските трудови, докторските трудови, одлучивме уште на почетокот на пандемијата да се организираат онлајн имајќи предвид дека секој ученик и студент треба да продолжи со образовната надградба и во вакви околности. Знаеме дека во меѓувреме се организираа испитите, нема никаков проблем, во уредбата стои дека факултетот сам треба да обезбеди технички услови за да има кредибилитет на процесот на оценување на студентите“, додаде Адеми.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања