ЈЗУ Општа болница - Охрид, денеска доби донација „УВ Гард“ за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, изум од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров.
Установата изразува огромна благодарност за оваа донација, овој апарат е неопходен за здравствените работници во услови со пандемија од КОВИД-19.
Функционалноста на овој апарат е следна:
- Дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу;
- Работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри;
- Ги убива микроорганизмите кои доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција;
- Просторијата што се дезинфицира мора да биде празна, но тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува;
- УВ зраците допираат до места кои се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини;
- За просторија од 40 квадратни метри се доволни околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.
Предноста на апаратот е што тој е мобилен и може да се движи од една просторија во друга. УВ Гардот претставува одлична можност за дезинфекција на места каде што нема електрична инсталација, работи на струја и батерии.
фото: Општа болница