„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

"ЈЗУ Општа болница -Струмица" има потреба од ново болничко возило, се бараат донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Директорот  на Струмичката болница Наке Гогов вели дека болницата има  потреба од ново болничко возило .

— реклама —

Гогов  на ФБ напиша:

-Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани , знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен - болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно,ние како "ЈЗУ Општа болница -Струмица" имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот, напиша директорот на ФБ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања