Премиерот Зоран Заев не ја прифати оставката од министерот за здравство, Венко Филипче, но и на неговиот заменик Илир Хасани. Двајцата остануваат да го раководат здравството. Заев одлуката ја образложи како логична и нормална бидејќи тие немаат морална одговорност, а тоа го покажал и извештајот од Обвинителството. Доколку има друг вид одговорност, според Заев, треба да одговараат пред други државни органи. За потсетување, причина за пожарот бил слаб продолжен кабел кој се запалил, а пожарот бргу се проширил. Но, остануваат низа неодговорени прашања за овој случај.
https://twitter.com/baljumbaljum/status/1445413375459176455
https://twitter.com/mordorea/status/1445412443207913478
https://twitter.com/Mrchatina/status/1445410308865077261
https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1445409841372139526
https://twitter.com/d_dedalus/status/1445402926546100240
https://twitter.com/poliedar/status/1445399249236209680
https://twitter.com/DiSkopje/status/1445381908897095680
https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1445348512510717954
https://twitter.com/_Mitkov_/status/1445513378164731913
https://twitter.com/profBezovski/status/1445513013893632000
https://twitter.com/Trim4e_1/status/1445492557383798788
https://twitter.com/gjur0ml/status/1445491029596155904
https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1445487081573294080
https://twitter.com/LjManijakot/status/1445484744532127745
https://twitter.com/T_m____n/status/1445482075654541318
https://twitter.com/MoPkoB4E/status/1445472663355359234
https://twitter.com/zstoikowski/status/1445461710391824391
https://twitter.com/Gas_maska/status/1445457682467409922
https://twitter.com/saltwatered/status/1445447380019544065
https://twitter.com/LawBoy30/status/1445443133655891968
https://twitter.com/petnaesetdotri/status/1445440707402027011
За потсетување, што контатираше истрагата, кои прашања се одговорени, а кои не:
Позната причината за пожарот во тетовската болница, објавени се детали од истрагата
Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.Имено, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.По воочена појава на пламен, присутниот медицински персонал презел обид за гаснење, но настанало бурно ширење на пожарот по целиот објект, простирајќи се по кровните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар. Со оглед на тоа што сите хоспитализирани пациенти биле приклучени на централниот довод за кислородна поддршка, а со тоа и процентуалното присуство на кислород во целиот болнички простор било зголемено, како и поради настанато оштетување на кислородната инсталација во текот на пожарот, огнот се проширил по целиот објект за многу краток временски период.Кон ова придонел и фактот што во поткровниот простор на објектот не постојат прегради помеѓу модулите / просториите и кон ходникот кои би го успориле пренесувањето на огнот.Ова вештачење е само еден од досега обезбедените докази. Се очекува во Основното јавно обвинителство Тетово да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки и до други надлежни институции, како и вештачењето кое треба да пристигне согласно побараната меѓународна правна помош од експертски тим од Република Германија. Едновремено, обвинителството и натаму интензивно постапува по предметот и се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.По прибирање на сите вербални и материјални докази, по нивно разгледување и анализа, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.
Македонија | пред 4 години