Промени тема
Контакт

Кацарска: Со воведување на уставна тужба ќе се надмине парадоксалната ситуација на често отфрлање на барањата за слободи и права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viber_image_2022-06-28_13-31-20-333

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје. Во рамки на годинашната тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции" Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов инструмент за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд на Република Северна Македонија и порача дека улогата на Уставниот суд како гарант и заштитник на слободите, може единствено и целосно да се оствари ако се воведе нов инструмент - уставна тужба со амандманска интервенција во членот 110 алинеја 3 од Уставот со што ќе биде до крај остварена намерата на уставотворецот.

— реклама —

„Со воведувањето на уставната тужба ќе се овозможи заштита на сите уставни слободи и права од страна на Уставниот суд, наместо како што е сега да се однесува само на неколку изрично наведени. На овој начин, би се надминала сегашната парадоксална ситуација, кога се отфрлаат барања за заштита на уставни слободи и права кои не се опфатени со претходно цитираната одредба од член 110 алинеја 3 од Уставот."

— реклама —

Претседателката Добрила Кацарска порача дека ваквата уставна интервенција ќе предуслови и интервенција во постојниот акт кој го уредува начинот на работа и постапката пред Уставниот суд каде детално би се уредила целокупната постапка по поднесена уставна тужба.

— реклама —

„Водејќи се од претходно реченото, на неодамнешната средба со државниот врв, го актуализирав прашањето за воведување на уставната тужба. Притоа, покрај дел од аргументите наведени погоре, наведов дека со воведувањето на уставната тужба, како држава би ги исполниле обврските што ги имаме како потписник на Протоколот бр.15 на Европската конвенција за заштита на слободите и правата за воспоставување на национален механизам на заштита на слободите и правата како последен филтер пред обраќањето до Европскиот суд.", рече Кацарска.

— реклама —

Покрај правното интервенирање, ќе биде потребно Уставниот суд да биде организационо, административно и технички подготвен пред да се започне со постапување по уставните тужби за што ќе биде потребен одреден период на подготовка. Ова ќе бара ангажирање на дополнителни буџетски средства за потребите на Уставниот суд (кои во однос на вкупните буџетски расходи согласно овогодишниот републички буџет изнесуваат околу 0,021% и се далеку од она што реално му е потребно на Судот), но од друга страна, она што би се добило како нов квалитет во заштитата на уставните слободи и права, многукратно го надминува материјалното вложување, порача претседателката Добрила Кацарска во своето денешно излагање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања