Министерот за правда, Кренар Лога, разговарал со турскиот колега за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо осомничен планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Лога за „Скопје1“ посочува дека се завршуваат административните процедури. Немаше одговор дали Палевски побарал политички азил во Турција, како и за тоа дали му е продолжен притворот бидејќи првиот му истече по 40 дена откако беше приведен на автопат, а по потерница од Македонија.
„На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Бев информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Му се заблагодарив на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочив дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство“, вели Лога во кратка изјава.
Претходно, обвинителот Гаврил Бубевски кажа дека нема пречка за Палчо да биде екстрадиран. Сите очекуваат брза екстрадиција, но не е познато кога истата ќе се случи.
„Ние сите очекуваме брза екстрадиција. Пример, нашите екстрадиции, ние кога ги испорачуваме луѓето, траат многу брзо. Тие се стварно брзи. Јас турскиот правен систем…. Во овој случај не гледам пречка и воопшто не гледам пречка.. Не сфаќам зошто некој, за такво кривично дело би направил некаква рамка за испорака“, кажа Бубевски.
За текот на истрагата, за „Скопје1“ детали откри адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски.
Нови детали од истрагата за Вања: Се бара реконструкција, сослушани клучни сведоци - ќе има ли нов тек на случајот
Реконструкција на киднапирањето на Вања Ѓорчевска со кое ќе се утврди релевантноста на исказите и ќе се докаже дека таткото Александар Ѓорчевски немал вина, бара адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека изминатиот период се сослушани клучни сведоци кои биле во контакт со таткото во критичниот период кога Вања беше киднапирана и убиена. Тврди дека од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска не добиле ниту еден доказ од кој може да потекнува сомнението дека таткото уч
Македонија | пред 2 години