Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Каде исчезна Бочварски на вчерашната посета на косовскиот министер за транспорт и врски“, прашува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Левица јавно бара објаснување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и премиерот Димитар Ковачевски за одлуките и најавите, по вчерашната средба помеѓу косовскиот министер за транспорт и врски и пратеникот Али Ахмети.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Во кое својство е Али Ахмети на оваа средба, кои ингеренции ги има или му се преќутно дадени? На чија покана дошол косовскиот министер за транспорт и врски во Тетово да се сретне со Ахмети?На што се должи молкот од страна на македонскиот министер за транспорт и врски Бочварски?

— реклама —

— реклама —

За кој и каков пат се работи меѓу Тетово и Призрен преку Шар Планина, која е заштитен национален парк со ендемски видови? Кои, какви и во кој состав се наводните меѓувладини екипи кои што сериозно работат на проектирање на тој пат“, прашува Левица

Оттаму велат дека и претходно реагирале дека Владата ја избрала најскапата варијанта, како решение за трасата на долго ветуваниот автопат Тетово-Призрен.

„Косовската страна своевремено излезе со проценка дека нивните трошоци за изградбата може да достигнат 150 милиони евра, но за нештата кај нас да бидат уште поматни, во Македонија властите никогаш не дадоа конкретна бројка за тоа колку ќе чини изградбата.

— реклама —

Наместо Бочварски да се крие од јавноста додека Ахмети држи прес-конференции во улога на министер за транспорт и врски, треба да даде одговор како, зошто, по чија препорака и во чиј интерес е донесена ваквата одлука – особено поради фактот дека Република Македонија е поврзана со Косово преку неколку патни правци, па поради тоа, инвестиции во нов автопат со дискутабилна економска исплатливост се бесмислени“, соопшти Левица.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања