„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Каде ќе се слави Новата година: Објавени програмите од градовите, еве кој и каде настапува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-library695l9qmg2kg08skNv5l

Организиран дочек на Новата 2026 година на градските плоштади во Македонија е најавен во Скопје, Кавадарци, Охрид и Кичево, додека во дел од другите градови ќе се одржат алтернативни или дневни празнични програми без централен ноќен дочек.

— реклама —

Скопје годинава ќе ја дочека Новата година без традиционален огномет. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град се насочува кон поинаков, модерен и семеен концепт на прослава. За музичката програма ќе се погрижат Каролина Гочева, Тамара, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Лара и Пајак, Два Бона, Куку Леле и Лина Пејовска, кои ќе настапат во рамки на целовечерната програма на плоштадот „Македонија“.

И Охрид традиционално ќе организира јавен дочек на Новата година на плоштадот „Свети Климент Охридски“. Забавата ќе започне во 20 часот, а на сцената ќе настапат Влатко Лозановски, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески, како и диџеите Yuxell и Bagzi. На 1 јануари, на истата локација, со почеток во 20 часот, охриѓани ќе имаат можност да уживаат во настапите на групата „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.

— реклама —

Кавадарци, пак, Новата година ќе ја дочека на Градскиот плоштад со настап на Марјан Коцев и неговиот бенд. Програмата ќе започне во 22 часот.

Богата предновогодишна програма најави и Општина Крива Паланка, со повеќедневни настани и пладневна журка на 31 декември. Општината, сепак, нема да организира централен јавен дочек во новогодишната ноќ.

Општина Кичево најави голем дочек на Новата година на 31 декември пред Домот на културата. Програмата ќе започне со богата детска новогодишна забава, со настапи на „Академија Кристина“, детските ликови Биби и Боби, пристигнување на Дедо Мраз и доделување новогодишни пакетчиња. Вечерната музичка програма, која започнува во 20 часот, ќе вклучи настапи на Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, како и групите „Љубојна“, „Фолтин“, Addicted Band, Phoenix Band, Future Band и други изведувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Свет | пред 4 часа

media-librarynbkmigeivr319BZnKOH

(Видео) Првите огномети за 2026 година го осветлија Пацификот

Свет | пред 6 часа

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Свет | пред 7 часа

media-librarye8ldj80ee7seb7ADA3A

Скопје во празничен ритам, се е подготвено за Новата 2026: Кирибати први ќе се збогуваат со 2025!

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања