„Каде се брзаше другарче мое“, пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Dusko-Cifliganec-zaginat

Тажната вест за смртта на бизнисменот Душко Чифлиганец силно ги погоди неговите пријатели и јавни личности кои преку социјалните мрежи се простуваат од него со емотивни пораки. Душко (32) загина во Чешка, каде се случи тешка несреќа за време на мото-трка во Брно.

— реклама —

И покрај напорите на лекарите, повредите на главата биле фатални.

— реклама —

Неговиот најдобар другар и бизнис партнер Иван Ивановски напиша:

— реклама —

Душко, прерано не напушти, пријателе. Не верував дека ќе дојде денот кога вака ќе ти се обраќам...

Секој што те познаваше знае дека беше човек со големо срце, но и визионер каков што ретко се среќава. Јас ја имав честа да те имам не само како пријател, туку и како бизнис партнер.

Имавме јасна визија, големи цели и уште поголема мотивација. Не правевме само планови, ги живеевме тие идеи, ги сонувавме со отворени очи и работевме посветено на нивно остварување.

Твојата посветеност, твојот оптимизам, начинот на кој ги гледаше работите од поинаков агол, сето тоа ќе ми недостига секој ден. Не само во работата, туку и во животот.

Во овие тешки мигови, моите мисли се со твоето семејство, со најблиските, со сите што те сакаа и почитуваа.

Ќе продолжам, исто онака како што заедно замисливме. 
Во секоја одлука. Во секој нов чекор.

Фала ти што беше тука, твојот дух ќе остане во се што правиме понатаму. Секој нареден успех ќе биде наш заеднички успех. Ветувам.

Игор Дурловски:

Жалосно е што понекогаш дури и во моменти на загуба, се заборава човечноста и се истакнуваат разликите. Нека неговото заминување биде потсетник да ја цениме секоја човечка душа и да покажуваме сочувство и почит.

Нека почива во мир Душко и да му даде Господ царство небесно.

Луција Јаковлевска

За каде се брзаше бе другарче мое...

Пасија ти беа трките со коли и со мотори...

Беше прекрасен човек, голем другар и одличен бизнисмен...

Понекогаш животот не е фер, Бог ги зема најдобрите луѓе кај себе.

Почивај во мир Душко Чифлиганец, нека Бог ти ги отвори портите небесни.

Сочувство до семејството.

Во знак на почит, и многу јавни личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Миро Кацаров, Иџе и Миа Костова, споделија спомени и изразија сочувство до неговото семејство. Во продолжение дел од нивните објави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања