Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Каде се најголемите разлики меѓу богатите и сиромашните во Европа и каква е состојбата во Македонија?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
siromasni-2

Нееднаквоста во приходите во Европската Унија во 2025 година се намалила на најниско ниво од почетокот на мерењата во 2010 година. Сепак, разликите меѓу европските држави остануваат големи, а Македонија е меѓу земјите со најзначително намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните, покажува анализата на „Еуроњуз бизнис“, заснована на податоците на Евростат.

— реклама —

Според анализата, Џини-коефициентот во 34 европски земји се движи од 23,0 во Словачка до 43,9 во Турција. Во Европската Унија најголема нееднаквост има Бугарија, со коефициент од 37,7, додека европскиот просек изнесува 29,2. Високи вредности имаат и Латвија со 35,6 и Литванија со 35,5. Србија е на петтото место со 32,0.

Најмали разлики во приходите има Словачка, пред Белгија, Норвешка, Чешка, Словенија и Полска. Меѓу најголемите економии во ЕУ, Германија, Франција, Шпанија и Италија се над европскиот просек.

— реклама —

Особено внимание привлекува податокот за Македонија, чиј Џини-коефициент е за 4,7 поени понизок од претходниот просек. Поголемо намалување во споредба со сопствените претходни вредности има само Романија, со пад од 6,4 поени. По Македонија следуваат Полска со 4,0, Србија со 3,5 и Црна Гора со 2,9 поени.

— реклама —

Џини-коефициентот ја мери нееднаквоста во распределбата на приходите. Вредноста нула означува целосна еднаквост, додека 100 претставува целосна нееднаквост, односно ситуација во која целиот приход го добива едно лице.

Врз разликите меѓу државите влијаат невработеноста, висината на платите, даночните политики, социјалните трансфери, продуктивноста и еднаквите можности. Како пример за висока нееднаквост се наведува Бугарија, каде што, според анализата, значајна улога имаат рамниот данок на личен доход од 10 проценти, високите индиректни даноци и слабите социјални трансфери.

— реклама —

Податоците покажуваат дека економскиот раст сам по себе не гарантира помали социјални разлики, туку важно е и како се распределуваат придобивките од него. Евростат предупредува дека високата нееднаквост може да ја наруши социјалната кохезија, да ја забави економската активност и да го ослаби демократското учество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања