Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Каде се парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ која ги има сите управни одбори, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
vmro-1

Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година за оваа 2023 година изгласа буџет од 700 милиони денари или над 100 милиони евра, вели СДСМ

„Денес, неколку месеци подоцна, Град Скопје за првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот.

— реклама —

Каде се потрошија парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа партија ги има сите управни и надзорни одбори во претпријатијата и установите, таа партија го има мнозинството во Советот.

— реклама —

Ситуацијата во речиси сите скопски јавни претпријатија и установи е катастрофална, а директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски

— реклама —

Над 100 милиони евра се потрошија, а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект.

Дури и наследените проекти како мостовите на булеварот АСНОМ и улицата Љубљанска, реконструкцијата на Универзална сала, клучката кај Момин поток, стојат нечепнати повеќе од една и пол година.

Потрошен буџет и нереализирани проекти, ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да раководи со народните пари“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања