Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Каде се разговорите за Диво Насеље, Заев тврди дека е сценарио, а никој не докажува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kumanovska-grupa-divo-naselje

— реклама —

Меѓународна истрага и преземање на предметот за Диво Насеље од СЈО беа дел од ветувањата на власта за тоа кој стои зад дводневната престрелка. Речиси две години по донесувањето на пресудата, овие најави не се исполнети.

— реклама —

Зошто група вооружени напаѓачи се пресметуваше два дена со македонската полиција, при што загинаа осум полицајци и 14 напаѓачи, е клучното прашање кое и по 4 години од крвавата пресметка во Диво Насеље нема одговор од институциите. Судската разврска затаи, се уште е во тек жалбена постапка по пресудата за 33 луѓе за тероризам иако пресудата е донесена во ноември 2017 година. Се чека одговор на Апелациониот суд по жалбата на одбраната на осудените, пишува Радио Слободна Европа.

СДСМ и пред да дојде на власт, а и потоа, тврдеше дека за да одговори на клучните прашања ќе бара меѓународна истрага и дека вистината може да се најде и во бомбите. За тоа Специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка, откако од јавното обвинителство го побара предметот за да може да воспостави надлежност врз него. Но, ваквите ветувања сè уште не се исполнети.

Одбраната во судот тврдеше дека имаат сознанија дека во УБК има прислушуван разговор меѓу сега убиениот Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и лидерот на ДУИ Али Ахмети како и дека имало разговори од другите обвинети кои контактирале со високи политичари и полициски структури.

Одбраната бараше од судот во судница како сведоци да бидат повикани Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Али Ахмети и Артан Груби, додава Радио Слободна Европа.

Специјалната обвинителка Катица Јанева пак, вчера изјави дека за сега во предистражната постапка имаат само индиции за тоа што и како се случувало тие два дена, но беше децидна дека во бомбите немаат докази за тој предмет.

„Има некои индиции во делот за тоа што и како се случувало во кумановските настани но се уште СЈО нема најдено разговори според кои ќе може да воспостави надлежност врз тој предмет има некои индиции се работи предистрагата, но тоа многу тешко ќе биде да се каже, дали и кога ќе биде, и дали воопшто ќе биде преземен тој предмет“, рече Јанева.

Во 2015 година лидерот на СДСМ Зоран Заев по посетата на жителите на Диво Насеље обвини дека тоа беа исценирани настани.

„Да ги отвориме дилемите, како тоа тие криминални групи дојдоа во нашата земја и допреа до срцето на Куманово? , рече тогаш Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања