„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Каевски: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, нема промени во оваа партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,,ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните.

— реклама —

Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, но не успеа.

ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

— реклама —

И што е најлошо повторно ги излажаа граѓаните.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Паднаа во вода лагите на ДПМНЕ, паднаа во вода помпезните прес конференции дека за неколку часа биле собрани потписи, дека повеќе биле собрани.

Еве се покажа дека не биле, дека немаат поддршка.

Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

darko-k

(Видео) Каевски дојде за да му судат: со лонгета, успеа да стигне на судење за спортските ваучери

Македонија | пред 1 година

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?, прашува Стоилковски

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, против ЕУ и против НАТО

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: Силјановска треба да им се извини на пензионерите за навредите дека се Мапет шоу

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања