„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Каевски: Од деструктивното однесување на опозицијата првенствено страдаат граѓаните, но нема да го спречат напредокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
darko-kaevski

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, посветена на работата парламентот и блокадата на опозицијата на донесување на измените на Деловникот, со кои би се овозможило онлајн работа на пратениците што се во изолација, потенцираше дека од деструктивното однесување на опозицијата првенствено страдаат граѓаните.

— реклама —

Велат во ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала коректен однос кон нив и затоа блокирале. Па, што се виновни граѓаните ако опозицијата не е задоволна од власта, па ги блокирате законите. Со ова однесување на граѓаните им предизвикуваат проблеми.“- рече Каевски.

Сакате криза, сакате буџетот да не се донесе, сакате граѓаните да не добијат пари во кризата, ги блокирате законите. Од нас се чекаат одлуки да им го олесниме животот на пензионерите, на децата без родители, на самохраните родители, уметниците, социјалните случаи, рече Дарко Каевски.

— реклама —

Нужно е опозицијата да даде предлог, тоа е нужно, рече Каевски, додавајќи дека сите амандмани што ги видовме од опозицијата се само доказ дека си игра со чувствата на граѓаните, со оние на кои парите им се неопходни.

Во врска со барањата на опозицијата за расправа во собранието за отворените прашања со Бугарија, Каевски истакна дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара, ако се стави ова прашање во пленум ќе се отворат прашања, што се затворени со договорот.

ВМРО сака да ја искомплицира улогата и позицијата на нашата држава и ја нарушуваат позицијата што ја добивме со Договорот што го потпишавме со Бугарија, зашто да дебатираме за нешто што е веќе потврдено, рече Каевски.

Тој изрази жалење што опозицијата не помага, туку одмага, и ја повика да каже алтернатива ако има, наместо со ситно политиканство да ја отежнува состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања