Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, Богдановиќ најави кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Кафе барот „Интермецо“ вчера продолжил да работи, иако имаше 30-дневна забрана за работа. Ова го откри градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот фејсбук-профил и најави кривична пријава по добивањето на записниците.

– По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години, напиша Богдановиќ.

— реклама —
— реклама —

Тој посочува дека по добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат

— реклама —

Скопското кафуле „Интермецо“ беше затворено по пријавите од граѓани дека се пушта многу гласна музика. На кафе барот му беше изречена забрана за работа во следните 30 дена и глоба од 6.000 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања