Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кафеаните ќе мора да направат посебен влез за непушачки дел: предлог законот за пушење на 24 март на владина седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
restoran_mokum

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека предлог-законот за заштита од пушење на 24 март ќе се разгледува на Влада, а потоа ќе оди во Собрание, со очекување постапката да заврши за најмногу месец и пол. Тој рече дека сите забелешки од засегнатите страни се анализирани и дека нема отворени прашања. Како компромис, ќе се дозволи пушење на тераси со две отворени страни (и/или отворен кров), а угостителите ќе мора да обезбедат посебен влез одвоен од просторот за пушење, за заштита на непушачите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција изјави дека предлог-законот за заштита од пушење на 24 март ќе биде на седница на Влада и после тоа ќе биде процесуиран понатаму во Собранието. Тој смета дека за не повеќе од месец, максимум месец и пол, законот ќе биде процесуиран.

— реклама —

„Сега засега немаме ниедна отворена точка којашто не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, сите забелешки седнавме ги анализиравме и од научна гледна точка и од аспект на економски и инфраструктурни, социјални, здравствени, и на крај со задоволство можам да ви кажам дека сите отворени прашања се затворени веќе, немаме некое прашање поврзано со законот кое што не е третирано. Има некакви измени од првично што беше зборувано, нели, апропо угостителите во однос на страните. Ние направивме анализа, научна анализа како може и кои се максималните и минималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор којшто не се дозволува пушење и дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни, значи терасите, може да се пуши. Заради тоа што воздухот цури, се чисти воздухот, но од друга страна и од економска гледна точка, знаете дека само во Скопје имаме над 7.000 угостители коишто имаат тераси, според структурата на градот и во другите градови, поголем дел од тие угостителски објекти се со таква инфраструктура според којашто невозможно е да имаат три страни отворени, на пример аголни и така натаму, каде што од едната и од другата страна имате објекти. Вие не можете да срушите објект за да имате три страни отворени, ние затоа ставивме во законот да може и кровот да биде отворен и да се третира, бидејќи се докажа дека со третирање и на кровот како една од страните, воздухот за неколку секунди исто така се чисти. Но еден од најголемите, ај да кажеме инфраструктурни зафати коишто треба да ги имаат сите бизниси коишто се бават со ваков тип на услуги, ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект којшто е одвоен од просторот каде што се пуши. Фактички идејата на законот е да ги штитиме сите граѓани коишто не пушат, а да им одредиме место на граѓаните коишто пушат. Со ова јас сум дефинитивно и како министер и како институција многу задоволен дека секој наш граѓанин којшто не консумира цигари може да влезе во секој угостителски објект без да има пристап до местото, до просторот каде што се пуши“, изјави Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1hb5caf5bosueyGvrds

Деца без проблем купуваат цигари низ маркетите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Угостителите добија „битка“: одложена примената на дел од законот за заштита од пушење

Македонија | пред 3 седмици

kunovdks

Софија Куновска за законот за пушење: Власта си удира со свој камен по глава

Коментари | пред 3 седмици

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Измени на предлог-законот за пушење: Терасите на локалите ќе треба да бидат отворени од две страни, наместо од три

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања