СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.А.(25) од село Неготино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 13.09.2017 година во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.