Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Кај Даљан, откриена нова наколна населба што датира од бронзено време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ezero

Нова наколна населба досега непозната за архелошката јавност е откриена во рамки на истражувањата спроведени во третата кампања од проектот „Погранични студии-Истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на Античка Македонија во регионот на Охридското Езеро".

Како што соопштија од Археолошкиот музеј од Скопје, станува збор за палафитната населба кај месноста Даљан на брегот на Охридското Езеро. Таа потекнува од крајот на бронзеното време т.е. од пред три илјади години, објави Канал5.мк.

— реклама —

Локалитетот е откриен во рамки на истражувањата, поточно во трета фаза од поширок проект што со финансиска поддршка на Министерството за култура и Карловиот универзитет од Прага го спрведуваат Археолошкиот музеј од Скопје и Карловиот универзитет, Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешко Будејовице, Геолошкиот истражувачки центар од Р. Чешка, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид и Музејот од Струга „д-р Никола Незлобински".

Со истражувањата беа земени и преку сто примероци на почва, остатоци од дрва и друг органски материјал кои во рамките на проектот со модерни технологии  ќе бидат направени најразлични анализи како: анализа на полен, анализа на макроостатоци, дендрологија и дендрохронологија, седиментологија, хемиска анализа на почва, датирање со изотоп C14 и биохемиски анализи. Со резултатите кои очекуваме да ги добиеме од овие анализи сметаме дека ќе можеме подетално да ја реконструираме археолошката слика на регионот во првиот милениум пред н.е..

— реклама —

Текстот во целост на: Канал5.мк

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања