На 27.02.2019 во периодот од 10:30 до 12:40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршил претреси во дом и други простории сопственост на лицата Р.Б.(29), Г.В.(27) и Г.Г.(54), сите од Струмица.
При претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други технички апарати кои се предмет на извршени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци.