Промени тема
Контакт

Кај тетовец пронајдени речиси половина килограм хероин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
heroin-pakuvanja

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 13 април, при претрес во домот на осомниченит на улицата „Железничка“ во Тетово, полицијата пронашла вкупно 486,82 грама хероин, потоа 118,91 грама кокаин, како и 19 пакувања метадон раствор и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и скриена под работната маса во кујната. Кај осомничениот биле пронајдени и парични средства – дански круни, швајцарски франци и евра за кои постои сомнение дека биле стекнати со илегална трговија со дрога.

— реклама —
— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања