На 19.03.2019 околу 21.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар од слобода биле лишени С.Н.( 32 ) и И.М.( 32 ) од Гостивар. При преглед кај нив полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Б.К.(69) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распркувачки материи“. На 31.01.2019 во Велес полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Pietro beretta“ калибар 7,65 мм, пиштол непозната марка и 32 куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без соодветна дозвола.