Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Кај „Холидеј ин“ сепак ќе се градат три 20-катници - инвеститорите уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

centar-skopje

Сопствениците на земјиштето на просторот кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје наскоро ќе почнат со градење на три згради со катност од 15, 20 и 25 ката. Инвеститорите, фирмата „МГ Фешн“ и Македонската православна црква преку фирмата „Обновители“, уплатиле комуналии во висина од 150 милиони денари или 2,43 милиони евра и тоа 60 отсто на Град Скопје (1,4 милиони евра) и 40 отсто на Општина Центар (1 милиони евра). Претходно, Општина Центар им го одобри идејниот проект за објектите. Со тоа, сега останува уште инвеститорите да поднесат барање за добивање градежна дозвола и потоа слободно можат да градат на овој последен слободен простор во центарот на Скопје, што е на околу 200 метри од Собранието, објави СДК.МК.

Инвесторите ќе немаат никакви пречки да добијат градежна дозвола бидејќи веќе на сила не е мораториумот, и тие барањето ќе го достават врз основа на стариот Детален урбанистички план (ДУП), кој дозволува на овој простор да се градат 60-катници.

— реклама —

„Според идејниот проект на инвеститорите, се предвидува искористеност од 83.000 квадратни метри, што е помалку од она што го предвиува ДУП-от, а тоа е 200.000 метри квадратни. Решението е за три згради со деловни објекти, првата на 15 ката, втората на 20 и третата на 25. Сите овие параметри се помали од она што го дозволува стариот план и затоа немаме правна можност да не им издадеме дозвола за градење. Веќе на сила не е мораториумот, Законот за урбанистичко планирање вели дека планот се применува сè додека не се донесе нов. Со тоа, инвеститорот кој е споственик на земјиштето има основи да бара градежна дозвола, а ние мораме да ја дадеме“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

— реклама —

Текстот во целост на: СДК.МК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања