Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во содејство со ПО Чегране, на 14.03.2019 во 6:45 часот извршиле претрес во домот и помошните простории на 42-годишниот Р. М. во гостиварското село Чајле. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е пиштол „Глок“ калибар 9 милиметри, што го поседувал со дозвола, ловечки карабин „Хајнел“ калибар 30-06 со дозвола на друго име и вкупно 136 куршуми од различни калибри.
Непосредно пред тоа, во дворот од соседната куќа, пронајдени се два пиштоли „ЦЗ“ калибар 6,35 милиметри, револвер „Смит и Весон“ калибар 45 милиметри, нож со футрола, 5 куршуми и батериска лампа со полнач, а кои непознато лице ги фрлило од прозорец од куќата на Р. М. ( 42 ) додека тој бил приведуван од полициските службеници. Се работи на целосно расчистување на случајот.