Kaja Kaлас во официјална посета на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
w_55031023

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во рамки на нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан.

— реклама —

Таа од Белград порача дека ги разбира фрустрациите на Западниот Балкан.

Изјави дека турнејата низ регионот е со јасна мисија, да ги охрабри кандидатките и најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија на патот кон Унијата.

— реклама —

За време на посетата на Македонија, Калас се очекува да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на ЕУ во надворешната политика и безбедноста.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, за време на посетата Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, по што ќе следи заедничка прес-конференција со премиерот во Владата. Подоцна, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, Калас ќе учествува на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година, кој ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во 14 часот. Овој дијалог, како што информираат од Министерството за надворешни работи и трговија, претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Република Македонија и Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и во понатамошната интеграција на земјата во европската безбедносна архитектура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања