Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Како братот на Артан Груби се стекнал со луксузен имот на улица „Македонија“ по багателна цена, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

СДС И Ковачевски нека не изигруваат адвокат на Груби, а Обвинителството да се прави слепо пред очигледниот скандал, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Институциите и Владата треба први да се запрашаат како братот на Артан Груби се стекнал со луксузен имот на улица „Македонија“ по багателна цена. Деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра. Притоа банката прави проценка со најниската цена по метар квадратен, зошто така си ги штити своите пари, но дури и по таа проценка Груби го платил дуќанот два пати поевтино од најниската реална вредност.

— реклама —
— реклама —

Ако Ковачевски се прави недоветен и не бара одговорност од неговиот заменик, тогаш и тој заедно со Груби ја потценуваат интелигенцијата на народот. Ова е класичен пример за политичка корупција, а постои основано сомнение дека Груби ја злоупотребил и својата функција и влијаел неговиот брат да се стекне со таков луксузен имот по цена по која останатите граѓани може само да сонуваат.

— реклама —

Груби нека не продава некакви националистички приказни, бидејќи овде не се работи за национализам, туку за корупција, па дури и затаен данок. Ваквите криминогени зделки се на штета и на Албанците и на Македонците и на сите останати, а се во интерес само на корумпираните функционери од власта кои се богатат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања