Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Како да се заштитиме од пожари – директорот Стојанче Ангелов со апел до граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелира до населението да биде исклучително внимателно за да не се предизвикаат пожари.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Како главни причини за избувнувањето на пожарите Ангелов ги посочи палењето оган и скара на отворено, палењето стрништа и пасишта, фрлање отпушоци или работа со алат што искри и за кусо време може да предизвика огнена стихија.

— реклама —

„И најмалиот пожар за миг може да излезе од контрола и неколку стотици метри или неколку километри подалеку може да убие човек или да нанесе огромна материјална штета“, предупредува Ангелов.

Во моментот е локализиран големиот пожар што вчера во текот на целиот ден беснееше кај Богданци, но сѐ уште има жаришта. Пожар денес избувна и во близина на Сопотница, Демирхисарско.

— реклама —

Ангелов упати голема благодарност до исклучително професионалните и храбри пилоти на „ертракторите“ и н хеликоптерите, како и до храбрите македонски пожарникари од територијалните противпожарни единици, доброволните противпожарни друштва, екипите на ДЗС и „Национални шуми“ и градоначалниците, како и вработените во ЦУК, кои ги координираат сите најмногубројни единици и ресурси.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања