Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Како дел од „Млади Европејци”: Мултимедијален караван низ неколку града во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
foto-2

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје утре (19 декември) со почеток од 12 часот ќе се одржи завршниот дел од манифестацијата „Мултимедијален караван“.

Манифестацијата своите две изданија веќе ги реализираше, во Штип, во Домот на млади, на 17.12.2018 и во Гостивар, во Домот на културата на 18.12.2018 година.

— реклама —

Програмата предвидува поетски читања на четворица млади поети од Македонија со македонско и албанско етничко потекло со двојазична изведба (на македонски и албански јазик); ликовни остварувања инспирирани од поезијата на претставените млади поети и/или од актуелни проблеми; моден перформанс со традиционални мотиви во трендовски израз и изведба на песната „Македонско девојче“ на три јазици: македонски, албански и турски.

Учесници во проектот се: Арлин Фезаи (поет), Игор Трпчески (поет-слемер), Снежана Стојческа (поетеса), Нурие Емрулаху (поетеса), Нита Муча (сликарка), Доротеј Нешковски (скулптор), Каљтрина Зајнели и Линда Селмани (студентки на ДУТ и изведувачки на песната).

— реклама —

Манифестацијата сака да ја упати пораката: синтагмата: младите Европејци од Македонија, споделувајќи ги европските вредности, во Европа ја носат и сопствената традиција и култура, сфатена како европско богатството. Целта на манифестацијата е да се покаже дека културата во Македонија, со сите разлики и специфичности, била, е и ќе биде дел од европскиот културен простор и тоа е обединувачката точка за младите од Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања